Малта - 8-ми Март 2018

Авион/ 5 дена/ 4 ноќевања

 

02 . Март (Петок)                               СКОПЈЕ - МАЛТА                                   

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Малта во 06:10. По пристигнувањето во 07:55 часот, организиран трансфер и разглед на главниот град на Малта – Валета изграден од витезите на St. John. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив. Посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета можност за факултативнаекскурзија до Мдинацентарот на островот посетувајќи ја црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Посета на фабриката за стаклоMdina GlassвоTa’Qali,со можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град). Прошетка низ тесните поплочени улички инајзначајните места во градот. Разглед на малото место Атард, познатите градини San Anton, Претседателската Палата. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

03. Март (Сабота)                            ГОЗО 

Појадок.   Можност за целодневна факултативна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг, кој во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа. Пред пристигнување на пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi... Во вечерните часови враќање во хотел.  Ноќевање.

04. Март (Недела)                            ТРИТЕ ГРАДА

Појадок.Можност за факултативна посета на трите града: Senglea - Isla, Vitoriossa – Birgu и Cospicua - Bormla  најубавите историски места на Малта, каде ќе се запознае културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век била позната како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и соседите Vittoriosa & Senglea, изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L'Isola (остров) е наречена во време на витешкиот ред. Локалитетот е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век, изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на St. John. Враќање во хотел. Ноќевање.

05. Март (Понеделник)                   МАЛТА

Појадок. Слободно време за уживање во прошетките покрај прекрасните плажи во  St Julian's и Sliema. Ноќевање.    

06. Март (Вторник)              МАЛТА – СОФИЈА - СКОПЈЕ

Појадок (Breakfast boxes). Организиран трансфер до аеродромот во Малта. Полетување за Софија во 08:55 часот. Пристигнување во Софија  во 11:45 часот (по локално време) и организиран трансфер до Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:               379 евра   (23.500 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз: Скопје – Малта - Софија

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm со максимум 10kg)

- Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта

- Сместување во Хотел 3* во Малта на база 4 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Валета

- Трансфер аеродром Софија - Скопје

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 4.900 денари

- Туристичка такса (се плаќа во хотел)

- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 4.500 денари

- Факултативна посета на  Мдина со вклучена влезница во Катедралата St. John 35 евра

- Факултативна посета на Гозо 65 евра

- Факултативна посета на  Трите Града: Senglea, Birgu и Bormla 45 евра

- Влезници во музеите и културно историските споменици

- Патничко – здравствено осигурување

- Доплата за еднокреветна соба 4.400 денари

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 лица, со пријава во агенција.

Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ