Рим - 8-ми Март 2018

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

15. Март (Четврток)                             СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:45 часот. Полетување за Рим во 13:15. По пристигнувањето во 15:00 часот, организиран трансфер до Рим и панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Трансфер до хотелот и сместување. Во вечерните часови слободно време за прошетки, можност да се почувствува атмосферата на кафулињата или ресторани со “вистинско” италијанско кафе. Ноќевање.

16. Март (Петок)                                  РИМ – ВАТИКАН - ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар... Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрсната Вила Д'Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Ноќевање.

17. Март (Сабота)                                РИМ                

Појадок. Факултативно, прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: посета на Шпанските скали познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот Плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Црквата Св. Климент... Вечерта, факултативно прошетка по боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италјанската кујна. Ноќевање.

18. Март (Недела)                                РИМ - СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Рим. Полетување заСкопје во 15:30 часот. Пристигнување во Скопје во 17:05 часот.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    299 евра   (18.550 денари)

                      

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm со максимум 10kg)

- Трансфер аеродром – хотел - аеродром

- Сместување во Хотел Portamaggiore 3* (www.hotelportamaggiore.it) во центарот на Рим на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран панорамски разглед на градот

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 3.700 денари

- Туристичка такса 750 денари (се плаќа во агенција)

- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 2.500 денари

- Факултативни излети:

- Посета на Ватикан со локален водич и влезница

- Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра

- Посета на Тиволи со локален водич и влезница

- Факултативна вечера во ресторан

- Влезници во музеите и културно историските споменици

- Карти за локален превоз (метро)

- Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 лица, со пријава и уплата во агенција.

Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ