Будимпешта - 8-ми Март 2018

Авион/ 3 дена/ ноќевања

08. Март(Четврток)                       СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Состанок  на групата на аеродромот Александар Велики во 13.45 часот. Полетување за Будимпешта во 15.20 часот. По пристигнувањето во Будимпешта, факултативно-задолжително посета на живописното гратче Сент Андреа, во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архиктетура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

09.Март(Петок)                              БУДИМПЕШТА

Појадок. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина...Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Будимпешта. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Потоа, факултативно вечера во ресторан Чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

10. Март(Сабота)                           БИДИМПЕШТА– СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот во Будимпешта. Полетување за Скопје во 13.25 часот. Пристигнување во Скопје во 14.50 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра (12.300 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Будимпешта-Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm со максимум 10kg)

- Трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Сместување во Хотел 3*во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Будимпешта со локален водич

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 2.100 денари

- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 3.000 денари

- Посета на Сент Андреа 10 евра задолжително се плаќа во агенција

- Вечера во ресторан Чарда 35 евра

- Крстарење со брод по Дунав 15 евра

- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко - здравствено осигурување

- Доплата за 1/1 соба  4.300 денари

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

Цените с дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ПОНИСКА ЦЕНА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ