Врахос - Грција - Лето 2019

ВРАХОС ЛЕТО 2019

 

ВРАХОС БИЧ– се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрва.

ВИЛА ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа во крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел. На 50 метри од плажа во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрва, во дворот има лулашки за деца.  Вилата има сопствен паркинг и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, Wi-Fi и клима(се доплаќа 4евра на ден).

ВИЛА ВАЈТ СЕНДИ БИЧ е на прва линија на плажа. Вилата располага со сопствени лежалки на плажа. Секое студио има 2 лежалки со чадор на користење. Студијата се на први кат со балкон со страничен и директен поглед на море, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) иWI-FI. Четвртата особа може да биде дете до 12 години.

ВИЛА САНРАЈС се наоѓа на 50 метри од плажа и располага со сопствен паркинг (ограничен капацитет). Студијата се наоѓаат на прв спрат, опремени со ТВ, мини кујна, балкон и клима (се доплаќа 5евра на ден). Секое студио има еден дупли кревет, еден единечен и можност за фотеља на спуштање (за дете до 5,99год)

 

Табела бр.1   ЦЕНИТЕ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ за 7 или 9 ноќи на СТУДИО / АПАРТМАН

Вила ФИЛОКСЕНЈА ВАЈТ СЕНД САНРАЈС
Термин Ноќи 1/2 СТД 1/3 СТД 1/4 АПП 1/3+1 СТД 1/3 Море 1/3 Градина
25.05.2019 7 99€ 109 159 159 119 109
01.06.2019 7 130€ 150 € 240 € 260 € 150 € 140 €
08.06.2019 7 180€ 200 € 290 € 290 € 200 € 190 €
15.06.2019 7 270€ 300 € 350 € 390 € 320 € 310 €
22.06.2019 7 320€ 350 € 380 € 430 € 360 € 340 €
29.06.2019 9 420€ 460 € 500 € 550 € 490 € 470 €
08.07.2019 9 450€ 490 € 540 € 600 € 540 € 520 €
17.07.2019 9 480€ 520 € 630 € 650 € 580 € 560 €
26.07.2019 9 480€ 520 € 630 € 650 € 580 € 560 €
04.08.2019 9 480€ 520 € 630 € 650 € 580 € 560 €
13.08.2019 9 480€ 520 € 630 € 650 € 580 € 560 €
22.08.2019 9 450€ 490 € 540 € 600 € 530 € 510 €
30.08.2019 7 300€ 340 € 380 € 390 € 360 € 340 €
07.09.2019 7 170€ 200 € 290 € 330 € 280 € 270 €
14.09.2019 7 130€ 150 € 240 € 280 € 200 € 190 €
21.09.2019 8 99€ 109 159 159 119 109

 

ВИЛА ЈОНИАН ВЈУ се наоѓа на 50 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив во Врахос. Вилата има сопствен паркинг, расоплага со модерно опремени четворокреветни пространи апартмани и трокреветни студија. Сите апартмани и студија имат свој балкон со поглед на море, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, купатило и клима (се доплаќа 5евра ден). Опис: апартманите се лоцирани на 2 кат, имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. Студијата се наоѓаат на први иили на втори кат, една просторија со 1 брачен кревет, 1 единечен кревет и 1помошен кревет (за деца до 12 години).

ВИЛА ЛУИЗА се наоѓа на прва линија од плажа, располага со трокреветни и четворокреветни апартмани. Сите апартмани се со комплет опремена кујнa, бања, фрижидер, ТВ, WiFI, и клима (се доплаќа 5 евра на ден). Апартманите 1/4  се лоцирани на приземје имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. Апартманите 1/3+1 на се лоцирани на први и на втори спрат, имаат две простории, спална со 1 брачен и 1 единечен кревет и кујна со помошен кревет за деца до 12 години. Апартман 1/3лоцирани на први и втори кат, две простории, спална со 1 брачен и 1 единечен кревет и засебна кујна.

 

Табела бр.2   ЦЕНИТЕ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ за 7 или 9 ноќи на СТУДИО / АПАРТМАН

Вила ЛУИЗА ЈОНИАН ВЈУ
Термин ноќи 1/3 АПП 1/3+1 АПП 1/4 АПП 1/4 АПП 1/5 дупл
25.05.2019 7 119 149 159 159 159
01.06.2019 7 150 € 220 € 240 € 240 € 250 €
08.06.2019 7 200 € 270 € 290 € 290 € 310 €
15.06.2019 9 320 € 350 € 380 € 380 € 400 €
22.06.2019 9 360 € 380 € 420 € 420 € 440 €
29.06.2019 9 490 € 500 € 520 € 520 € 550 €
08.07.2019 9 540 € 540 € 580 € 580 € 600 €
17.07.2019 9 580 € 630 € 650 € 650 € 670 €
26.07.2019 9 580 € 630 € 650 € 650 € 670 €
04.08.2019 9 580 € 630 € 650 € 650 € 670 €
13.08.2019 9 580 € 630 € 650 € 650 € 670 €
22.08.2019 9 530 € 540 € 560 € 560 € 580 €
30.08.2019 7 360 € 380 € 400 € 400 € 420 €
07.09.2019 7 280 € 290 € 320 € 320 € 330 €
14.09.2019 7 200 € 220 € 240 € 240 € 250 €
21.09.2019 7 119 149 159 159 159


НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аражманот. Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00часот, поаѓање во 01.30часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.  Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а.“ и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите. Цена на превозот:

Доплата за превоз:

  • Превоз за возрасен 50 евра / Еден правец 35 евра
  • деца до 12години 40 евра / Еден правец 25 евра
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно