Вила Данос - Лептокарија - Грција - Лето 2019

Вила Danos – Лептокарија

Локација

Вилата е сместена на главнaта улица во Лептокарија, град на Олимписката ривиера на само 200 км од македонската граница. Освен со убавата плажа овој град плени и со големата пешачка зона, големо шеталиште, голем убав парк со прекрасно зеленило, многу хотели, ресторани, кафичи и продавници како и со добро познатото гостопримство на неговите жители. Препорачано за фамилијарен одмор.

GPS Координати: 40.061111, 22.567056

Плажа
50 метри од градската песочна плажа.

Опис на објектот
Секое студио е опремено со модерно опремена кујна, ВЦ, ТВ и клима (доплата 5€ на ден) и тераса

1/2 студио и 1/3 студио:
Сите студија се исти, имаат три единечни кревети (или еден брачен кревет и еден единечен)

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.  

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.                           

Цените се дадени по студио за 7 ноќевања во евра без попуст

Период Ноќевања 1/2 студио 1/3 студио Коментар
25.05.-01.06. 7 49 € 69 € Промо
01.06.-08.06. 7 89 € 99 € Промо
08.06.-15.06. 7 109 € 129 € Промо
15.06.-22.06. 7 159 € 169 €
22.06.-29.06. 7 189 € 199 €
29.06.-06.07. 7 219 € 229 €
06.07.-13.07. 7 239 € 249 €
13.07.-20.07. 7 259 € 269 €
20.07.-27.07. 7 279 € 289 €
27.07.-03.08. 7 279 € 289 €
03.08.-10.08. 7 279 € 289 €
10.08.-17.08. 7 279 € 289 €
17.08.-24.08. 7 279 € 289 €
24.08.-31.08. 7 269 € 279 €
31.08.-07.09. 7 199 € 219 €
07.09.-14.09. 7 169 € 189 €
14.09.-21.09. 7 119 € 139 € Промо
21.09.-28.09. 7 79 € 89 € Промо
28.09.-05.10. 7 49 € 59 € Промо

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Wifi: вклучен во цената.

Доплата за клима: 5 евра на ден на лице место.

Во цената не е вклучен превоз.

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Пиериа (секоја Сабота):

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40€ по лице
04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице
05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово –  40€ по лице

05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Пиериа:

04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп – на перон) – 30€ по лице

03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 30€

02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице

 

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10€ од редовната цена

 

– Деца до 1,99 години: бесплатно

– Возрасни лица над 63 години – Попуст 10€

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на Т.А

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 

По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.