Кападокија - Истанбул

Kapadokya - Istanbul - Turcija - 11-ti Oktomvri

11-ти Октомври КАПАДОКИЈА,
ТУЗ ЃОЛУ (СОЛЕНО ЕЗЕРО), ИСТАНБУЛ

Неверојатна, волшебна и мистериозна Кападокија со Истанбул,солено езеро Туз Ѓолу- транзит низ Бугарија

(превоз+хотел со појадок и вечера во Кападокија+хотел во Истанбул +пратител од агенцијата)

Поаѓање: 08.10.2020

Враќање во Скопје: 14.10.2020

ПРОМО 3+1  (1 НОЌЕВАЊЕ ГРАТИС !!!)

(3 Ноќевања во Кападокија, 1 ноќевање ГРАТИС во Истанбул)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕУР/14 340 ден

*** ПРОМО Цена за уплата до 25.09.2020: 179 еур/ 11.100 ден ***

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта.
Областа Кападокија во покраината Невшехир, Турција, со причина е вклучена во списокот на УНЕСКО за места со културно и природно значење за човечкото наследство. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи.

Величествената убавина на оваа област најдобро може да се види од воздух. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка честопати фотографирана од посетителите. Нашата агенција на сите авантуристи годинава им овозможува да го почуствуваат духот на Кападокија, местото каде што започнало да се шири христијанството.

ПРОГРАМА

1 ДЕН 08.10.2020 СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА – ЃОРЕМЕ:
Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 10 00 ч. Поаѓање во 10:30 часот. Се патува преку Девебаир Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Патот не води преку Истанбул,Анкара,Невшеџир. Дневно и ноќно возење со време за царински формалности. (ноќно возење се до наредниот ден до предпладневните часови.

2 ДЕН 09.10.2020 КАПАДОКИЈА
Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу . По паузата се упатуваме према Кападокија.Пристигнување во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел во 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности.Предвидена факултативна посета на црвената долина со прекрасниот залез на сонцето во попладневните часови. Вечера. Ноќевањe.

3 ДЕН 10,10.2020 – КАПАДОКИЈА
Појадок во хотел. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел.Вечера,припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци ,(вклучува трансвер,неограничени локални пијалоци,и апетисани).  Ноќевање.

4 ДЕН 11.10.2020 КАПАДОКИЈА
Рано наутро околу 04:30 ч(трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија,волшебно,незаборавно,несекојдневно доживување(се разбира доколку временските услови дозволуваат ). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 10:00 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли едени од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање . Посета на традиционална претстава Дервишка церемонија+трансвер-Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел.Вечера.Време за слободни активности. Ноќевање

5 ДЕН 12.10.2020– КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ
Појадок . По појадокот напуштање на хотелот,багажот во автобус и се упaтуваме према Истанбул.Овој град е единствениот град кој поврзува два континенти,град на различности и традиционални вредности,инаку познат како ГЛАВЕН ГРАД ВО СВЕТОТ или МОСТОТ ПОМЕЃУ ЕВРОПА И АЗИЈА.Истанбул е најголемиот град во Турција ,со над 13 милиони жители и светски центар од непроценлива вредност од минатото,а светска метропола денеска.Истанбул е град на историски и културни убавини,град на многу цивилизации,а сега населен со жители од целиот свет.За Истанбул има многу да се поприкаже, но да оставиме целата таа убавина да ја почувствуваме по нашето пристигнување во вечерните часови.Патот не води преку мостот кој ги поврзува Европа и Азија.Пристигнување во Истанбул.Веднаш се упатуваме во најмонденскиот трговски центар WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL кој се наоѓа во срцето на Аташехир монденски дел од Истанбул.Ќе имаме можност за посета на истиот,време за слободни активности, шопинг,и прекрасно доживување во преубавите ресторани,кафетерии,забавни паркови каде наоколу прекрасниот базен со фонтани,и преубава музичка кореографија на игра на вода,збогатена со колоритни светла,музика и огнено шоу во ритамот на музиката ке бидеме сведоци на едно од прекрасните доживувања во Истанбул.По посетата на овој трговски центар се упатуваме према хотел.

6 ДЕН 13.10.2020 – ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Напуштање на хотелот околу 10 часот.Се упатуваме на факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот.По крстарењето се упатуваме на Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка од непроценливо богатство и се наоѓа на крајбрежјето на Босфор.Долма Бахче Сарај била резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. а воедно и место каде престојувал и починал основачот на модерна Турција МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК.Во вечерните часови во договор со групата се упатуваме према Македонија.Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.Патот не води преку Бугарија.

ДЕН 7 14.10.2020 – СКОПЈЕ
Планирано пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

11-ти Октомври КАПАДОКИЈА,
ТУЗ ЃОЛУ (СОЛЕНО ЕЗЕРО), ИСТАНБУЛ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕУР/14 340 ден

*** ПРОМО Цена за уплата до 25.09.2020: 179 еур/ 11.100 ден ***

Во цената се вклучени следниве услуги:

* Превоз со високо туристички автобус /мини бус на релација Скопје-Кападокија-Скопје со запазени пропишани мерки од СЗО на РСМ.
* 3 ноќевања со појадок и вечера во Tourist Hotels & Resorts Cappadocia 4* во Ѓореме
*Посета на соленото езеро Туз Ѓолу.
*1 ноќевање во Истанбул во Хотел 3*/4* (гратис од агенцијата).
*Посета на WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL(шопинг центар).
*Претставник/пратител од агенцијата за целиот престој.

Во цената не се вклучени следниве услуги:

*Факултативна посета на црвената долина со залез на сонцето(со стручен локален водич)…………………………………………………………………….15 еур.
*факлутатива од тред ден со сите влезници и ручек опишана во програмата……………………………………………………………………………..45 еур.
*Факултатива од четврти ден со сите влезници и ручек опишана во програма… ………………………………………………………………………………45 еур
*Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци,музика,со вклучени неограничени пијалоци и апетисани,трансвер …………..35 еур.
* Дервишка претстава /церемонија…………………………………………..25еур.
*Летање со балон (по договор на лице место ,во зависност од временски услови, расположливи места во балони и цена)
*Крстарење по Босфор…………………………………………………………… 15 еур
*факултативна посета на Долма Бахче(превоз+влезница)………….20 еур
*Задолжително патничко осигурување .
* Индивидуални трошоци.
* Туристичка такса 2 еур од ден по соба(се плаќа во агенција)

НАПОМЕНА:
Калкулацијата е правена на пријавени 40 патници или (16 патници во мини автобус),односно 75% од капацитет на седишта во автобус/мини бус според прописи донесени од СЗО на РСМ и без ПЦР тест за транзитирање низ Бугарија.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
Целосна доплата 10 дена пред патување.

ВАЖНА НАПОМЕНА:
Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 3500 ден.за хотел .
Деца до 1.99 год.бесплатно во соба ,плаќа само превоз 60 еур/3720.
Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 40 % од цената.
Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
Отказ од страна на агенцијата 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците при уплата на резервација да се провери дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.

Важат општите услови за патување на СКТМ и TA