Зима во Македонија - Попова Шапка

Зима во Македонија - Попова Шапка

Попова Шапка како туристички центар е познат по планинскиот туризам. Поседува 11 ски-лифтови во должина од 11.000 метри, со капацитет од 8000 скијачи на час и должина на патеката од околу 20 км. Ски патеките се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионалци.

Исто така, во текот на летото, се организира авантуристички туризам со професионални водичи за пешачење (Hiking) во најубавите места на Шар Планина.

  • Јелак – 1700 м надморска височина – 40 минути пешачење
  • Лешница – 2160 м надморска височина – 4 часа пешачење
  • Титов Врв – 2749 м надморска височина – 7 часа пешачење
  • Црното езеро – 2150 м надморска височина – 6-7 часа пешачење
  • Боговињско Езеро – 1900 м надморска височина – 5 часа пешачење
  • Бело езеро – 2250 м надморска височина – 6 часа пешачење

Попова Шапка нуди разновидни активности во текот на целата година и претставува рајско засолниште за лубителите на природата и планинските спортови.

 


Хотел SNOW PATROL LODGE 3*

 

Период на престој  
Цена за 1 ноќевање
03.01-31.03.2021
1.200 ден.

 


БОНУС : 6=5, 7=6 (за платени 5 или 6 ноќевања се добива 1 ноќ гратис)

Дадената цена е по лице за 1 ноќевање и вклучува:

  • Појадок
  • Интернет
  • Паркинг

 

  • Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
  • Деца од 6-11.99 год. на доп.легло – 50% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)


Хотел АРЕНА ТЕТЕКС 3*

Хотел Арена се наоѓа на прва линија пред ски патеките, располага со вкупно 33 соби и апартмани. Со оглед на ограничениот капацитет на гости овозможува домашен и топол ампиент
Сите соби се со прекрасен поглед кон ски центарот, ТВ, WIFI.
Нуди и голема тераса со поглед и капацитет од 150 гости, ресторан со камин, кафитерија и сопствен паркинг.
Хотелот има нов спа центар со базен, џакузи, турска бања, финска бања, топли клупи и лежалки со прекрасен поглед кон ски центарот.

Цени валидни од 21.12.2020-31.03.2021

Тип на услуга Цена
Полупансион 2.360  ден.

 

Дадената цена е по лице за 1 ноќевање и вклучува :

  • Ноќевање со појадок и вечера
  • Користење на базен и СПА Центар

 

  • Деца до 5.99 год. се сместуваат бесплатно
  • Деца од 6-11.99 год. – доплата 50% од сумата

Хотел СКАРДУС 4*

 

Хотелот Скардус нуди релаксација и удобност во сите сезони. Зимската убавина, фасцинантната природа, свежината на летото даваат прекрасна и релаксирачка панорама. Хотелот со 4 sвезди нуди пријатна атмосфера, при што големо внимание се посветува на испреплетеноста на модерното и традиционалното.
Хотел Скардус нуди висококвалитетни услуги со капацитет од 140 кревети, организирани во повеќе типови стандардни и апартмани, каде 2 ВИП Апартмани се опремени со сауна.
Посебно внимание се посветува на ресторанот, каде можете да се послужите со различна храна со висок квалитет и одличен вкус.
Покрај ресторанот, барот и две конференциски сали, кои се опремени со сите професионални услови за одржување состаноци, семинари и конференции, хотелот располага и со Спа центар со два базени (за возрасни и деца), три сауни и фитнес центар. Масажи се нудат на барање.

Цени валидни за период на престој 01.11-20.12.2020

Тип на услуга Цена
Полупансион 34€

 

Цени валидни за период на престој 21.12.2020-31.03.2021

Тип на услуга Цена
Полупансион 43€

 

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

  • Појадок и вечера
  • Користење на базени и СПА Центар
  • Интернет
  • Паркинг

Деца до 4.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
Деца од 5-11.99 год. на доп.легло – 50% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)

 


Хотел КОНАК 3*

Конак е модерен планински објект базиран на традиционален изглед. Особено задоволство ќе Ви овозможи ентериерот на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.
На своите гости им нуди : 16 соби, ресторан, ски кафе, конференциска сала, сауна, интернет и тв, ски и сноуборд школа, ратрак и моторни санки

 

Период на престој  Цена за мин.
2 ноќевања
Цена за 1 ноќевање
Јануари 2021 1.350 ден. 1.600 ден.
Февруари 2021 1.250 ден. 1.500 ден.
Март 2021 1.250 ден. 1.500 ден.

БОНУС за период на престој од 14.01.2021 :  7=6 (за платени 6 ноќевања се добива 1 ноќ гратис)

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

  • Појадок
  • Користење на сауна
  • Интернет
  • Паркинг

Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно

Деца од 6-11.99 год. со 2 возрасни – 50% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)


Хотел БОРА 3*

Период на престој  
 Ноќевање со појадок 
05.01-31.03.2021
1.550 ден

 

Дадената цена е по лице за 1 ноќевање и вклучува:

  • Појадок
  • Интернет
  • Паркинг

 

  • Деца до 7.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
  • Деца од 8-11.99 год. на доп.легло – 30% попуст
    Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)

Хотел КАСА ЛЕОНЕ 3*

Хотел Каса Леоне на своите гости им нуди пријатна атмосфера и гостопримливост. Сите соби и апартмани се опремени со сопствено купатило, телевизор и интернет. Во склоп на хотелот има ресторан со одлична храна и тераса со преубав поглед.

 

Цени валидни од 21.12.2020-31.03.2021

Вид на сместување Ноќевање со појадок
Двокреветна соба 60€
Апартман (за 4 лица) 108€
Деца до 6.99 со 2 возрасни Бесплатно
Деца од 7-11.99 год. со 2 возрасни 12€
Деца од 12-17.99 год. со 2 возрасни 18€

 

Дадените цени се по соба за 1 ноќевање и вклучуваат :

  • Ноќевање со појадок
  • Интернет
  • Паркинг

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)

 


 

 

Вила КАРПА

Екслузивна вила, изградена во 2020 год.
Се состои од 2 спални соби, дневен престој и кујна, 2 тоалети, сопствен базен.
Има можност за сместување за макс. 6 лица.

Период на престој 03.01.2021-28.02.2021

Цена :
130 € 

 

  • Дадената цена е за наем на целата вила за 1 ноќевање.
  • Користење на базен е вклучено во цена.
  • Доплата за туристичка такса – 40 ден. по лице на ден.

Вила АТОМ 

Вилата располага со 4 двокреветни соби, кујна, тоалет, дневен престој со софа , паркинг, двор
Можност за сместување од 10 до 12 лица

Цена :
100 € 
  • Дадената цена е за наем на целата вила за 1 ноќевање.
  • Доплата за туристичка такса – 40 ден. по лице на ден.