Хотел БОРА 3* - Попова Шапка

Хотел Бора 3* - Попова Шапка - Есен во Македонија

Попова Шапка како туристички центар е познат по планинскиот туризам. Поседува 11 ски-лифтови во должина од 11.000 метри, со капацитет од 8000 скијачи на час и должина на патеката од околу 20 км. Ски патеките се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионалци.

Исто така, во текот на летото, се организира авантуристички туризам со професионални водичи за пешачење (Hiking) во најубавите места на Шар Планина.

  • Јелак – 1700 м надморска височина – 40 минути пешачење
  • Лешница – 2160 м надморска височина – 4 часа пешачење
  • Титов Врв – 2749 м надморска височина – 7 часа пешачење
  • Црното езеро – 2150 м надморска височина – 6-7 часа пешачење
  • Боговињско Езеро – 1900 м надморска височина – 5 часа пешачење
  • Бело езеро – 2250 м надморска височина – 6 часа пешачење

Попова Шапка нуди разновидни активности во текот на целата година и претставува рајско засолниште за лубителите на природата и планинските спортови.


Хотел БОРА 3*

  Хотел Бора на своите гости им нуди двокреветни и фамилијарни соби, опремени со сопствено купатило, телевизор, интернет.
Во склоп на хотелот има ресторан, бар, ски гардеробер и сопствен паркинг.

 

Период на престој 
ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ 
01.12-20.12.2020
1.240 ден
21.12-29.12.2020/03.01-31.03.2021
1.365 ден

 

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

  • Појадок и вечера
  • Интернет
  • Паркинг

Деца до 7.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
Деца од 8-11.99 год. со 2 возрасни – 30% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)