ХОТЕЛ ФЕСТА - ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА
Хотелот e на локација која овозможува брз пристап до центарот на Софија, како и до Музејот на национална историја, Бојанската црква која датира од 1259 година која е под заштита на УНЕСКО и националниот парк Витоша. Хотелот располага со соби кој се модерно и стилски уредени и сите имаат поглед кон градот или кон планината Витоша. Хотелот нуди бесплатен бежичен интернет. Виски барот во хотелот е идеално место за ноќни забави и дружења.
-
30.12.2018 (недела)
Поаѓање за Софија во 06:00. Патување со попатни паузи. Пристигнување во Софија. Организиран разглед на градот со локален водич (градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата…. Сместување во хотел. Можност за организирана предновогодишна забава. Ноќевање.
-
31.12.2018 (понеделник)
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Дочек на Нова Година 2019 во СОФИЈА на некој од плоштадите или во дискотека (факултативно).
-
01.01.2019 (вторник)
Појадок. Напуштање на хотелот во 10:30 часот. Организирана посета за шопинг на PARADISE CENTER, IKEA, RING MАLL и DECATHLON. Во 17:00 часот поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот : 80 евра / 4.960 ден Промотивна цена за резервација до 20.11.2018 : 75 евра / 4.650 ден.
Цената е по лице за пакет аранжман и вклучува:
- Превоз со високо туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел ФЕСТА СОФИА 4* – www.festahotels.com/en/hotels/festasofia
- Разглед градот со локален водич
- Организирана посета на PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL
- Придружник и организација на патувањето
Цената не вклучува:
- Патничко осигурување
- Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
- Предновогодишна забава во механа
- Дочек на Нова Година во Дискотека
Напомена:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето