Белград

Белград - 8-ми Март

                                         БЕЛГРАД 08-МИ МАРТ 2019 
  • 1 ден  15.03.2019 Скопје – Белград

Состанок на групата во 00:30 часот на паркингот пред хотел ‘Вип’, поаѓање во 01:00 часот и попатно преземање на патниците од Куманово. Патувањето води преку граничен премин Табановце со царински формалности и попатни планирани паузи. Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и Панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Сместување во хотел ‘Royal Inn 4*’ http://royalinn.rs/ на идеална локација во срцето на градот. Слободно време за  одмор и индивидуални  активности во вечерните часови. Ноќевање.

  • 2 ден 16.03.2019 БелградНови Сад – Белград

Појадок. Посета на црквата Св.Сава. Ден за индивидуална прошетка низ Белград или можност за факултативен излет до Нови Сад. Нови Сад е центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, плоштадот на Слободата, улицата ‘Јована Змаја’ со многубројни бутици и ресторани, прошетка низ стариот дел на градот. Слободно време за индивидуални активности и ручек. Враќање во хотелот. Вечерта факултативна вечера на Скадарлија со музика и забава. Ноќевање.

 

  • 3 ден 17.03.2019 Белград – Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот. После појадокот следува посета на шопинг центрите Delta City и Ушќе – слободно време за шопинг, ручек и индивидуални активности во истите. Во пладневните часови време за индивидуални прошетки и активности  низ најпознатите улици во Белград –  Кнез Михајлова и Теразије кои изобилуваат со многубројни бутици, кафе барови, ресторани и сл. Поаѓање за Македонија во попладневните часови со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Куманово и Скопје во доцните вечерни часови.

                                     Цена по лице  : 99 евра (6.140 мкд)

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување на база 2 ноќевање со појадок во хотел,,ROYAL INN” 4*
  • Разглед  на Белград со локален туристички водич
  • Водство, организација и реализација на програмата со лиценциран придружник

Во цената НЕ е вклучено:

  • Патничко осигурување ( задолжително )
  • Факултативна вечера во ресторан на Скадарлија  – 25 евра ( минимум 30 лица – пријавување при резервација на аранжманот)
  • Туристичка такса 1.10 евра по лице дневно ( задолжително )
  • Факултативна посета на Нови Сад – 12 € ( минимум 35 лица – пријавување при резервација на аранжманот во агенција )
  • Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на програмата потребен е минимален број од 40 патници, во спротивно агенцијата го задржува правото на измена на цената или аранжманот да го сторнира, со известување на патниците минимум 7 дена пред датата на поаѓање, со што агенцијата не сноси никаква одговорност..
    Агенцијата не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи на патниците….
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

За ова патување важат Општите услови за патување на СКТМ во согласност со Законот затуристичка дејност и Законот за облигациони односи на Република Македонија.
Аранжманот може да претрпи промени во зависност од условите.

Information

Find More