Вила "Anastasia" - Неа Рода - Атос - Грција - Лето 2018

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажазакитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено... Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

Вилаta Anastasia“ e лоцирана во строгиот центар,на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Вилата има два четирикреветни дуплекс апартмани на прв спрат, еден седумкреветен дуплекс апартман и едно трикреветно студио на високо приземје. Апартманитеимаат по две посебни спални соби, купатила, тераси, издвоена кујна комплетно опремена со мини електричнен шпорет со рерна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Anastasia”- Неа Рода
Термин: Ноќевања: 1/3 студио 1/4+1 дуплекс 1/7 +1 дуплекс
29.05-05.06.2018 7 150 180 230
05.06-15.06.2018 10 250 300 350
15.06-25.06.2018 10 300 400 450
25.06-05.07.2018 10 350 500 600
05.07-15.07.2018 10 400 550 650
15.07-25.07.2018 10 450 600 700
25.07-04.08.2018 10 450 600 700
04.08-14.08.2018 10 450 600 700
14.08-24.08.2018 10 450 600 700
24.08-03.09.2018 10 400 500 550
03.09-13.09.2018 10 300 400 450
13.09-20.09.2018 7 160 250 270
20.09-27.09.2018 7 140 220 240

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

-Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

-Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода

-Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот

*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

*Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. Кондор Бр.1