Вила Thanos - Уранополис - Атос - Грција - Лето 2018

Вилата „Thanos“ се наоѓа на самиот влез од преубавиот приморски град Уранополис на третиот крак Атос. Привилегија е да летувате во местото во кое владее апсолутен мир и да престојувате во студијата и апартманите кои имаат поглед на раскошната морска непрегледност и на привлечните ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по прекрасните плажи или да го пиете утринското кафе со поглед кон единствениот населен остров Амоулиани – каде се наоѓа преубавата песочна плажа Golden beach...Вилата е на само неколку минути од најблиската плажа која плени со својата недопрена убавина и на околу 300 метри од прекрасната плажа пред хотелот „Xenia“. Студијата и апартманите се наоѓаат на високо приземје и на вториот спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Некои од сместувачките капацитети на вториот спрат имаат тераси со директен поглед на море, додека пред студијата на приземје има дворно место за одмор. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Thanos” - Уранополис

Термин:

Ноќевања:
1/2 студио
приземје

1/4 студио приземје
1/4 апартман без поглед
1/3 студио море

1/4 студио море
29.05-05.06.2018 7 110 150 190 210 250
05.06-15.06.2018 10 190 240 280 300 360
15.06-25.06.2018 10 250 300 360 380 440
25.06-05.07.2018 10 320 370 430 450 520
05.07-15.07.2018 10 400 450 510 530 600
15.07-25.07.2018 10 400 450 510 530 600
25.07-04.08.2018 10 400 450 510 530 600
04.08-14.08.2018 10 400 450 510 530 600
14.08-24.08.2018 10 350 400 460 480 550
24.08-03.09.2018 10 270 320 380 400 470
03.09-13.09.2018 10 210 260 320 340 410
13.09-20.09.2018 7 140 180 220 240 310
20.09-27.09.2018 7 110 150 190 210 250

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

-Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

-Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Уранополис

-Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот

-Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

*Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. Кондор Бр.1