Хотел Лазаридис - Неа Рода - Атос - Грција - Лето 2018

На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа „Voulitsa“ која уште на првата средба  ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа „Komitsa“, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

Апартхотел „Lazaridis” - Неа Рода
Термин: Ноќевања: 1/2  студио 1/2+1 студио
29.05-05.06.2018 7 120 150
05.06-15.06.2018 10 210 240
15.06-25.06.2018 10 280 310
25.06-05.07.2018 10 350 380
05.07-15.07.2018 10 420 450
15.07-25.07.2018 10 490 520
25.07-04.08.2018 10 490 520
04.08-14.08.2018 10 490 520
14.08-24.08.2018 10 490 520
24.08-03.09.2018 10 420 450
03.09-13.09.2018 10 350 380
13.09-20.09.2018 7 190 210
20.09-27.09.2018 7 160 180

Напомена: Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија невозможно е да се сместат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Рода
Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот

Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

*Важат Општите услови на СКТМ и ТА Кондор Бр.1