Vila Maria - Јерисос - Атос - Грција - Лето 2018

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.

Вилата „Maria“ се наоѓа на само 80 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

Вила „Maria” - Јерисос

Термин:

Ноќевања:

1/2 апартман
1/2+1 апартман 1/4 апартман
1/4 дуплекс
29.05-05.06.2018 7 110 130 160 190
05.06-15.06.2018 10 210 230 260 290
15.06-25.06.2018 10 280 300 340 400
25.06-05.07.2018 10 330 350 390 450
05.07-15.07.2018 10 380 400 440 500
15.07-25.07.2018 10 430 450 490 550
25.07-04.08.2018 10 430 450 490 550
04.08-14.08.2018 10 430 450 490 550
14.08-24.08.2018 10 430 450 490 550
24.08-03.09.2018 10 380 400 440 500
03.09-13.09.2018 10 280 300 340 400
13.09-20.09.2018 7 140 160 190 220
20.09-27.09.2018 7 120 140 170 200

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

-Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!

-Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос

-Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот

-Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

*Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. Кондор Бр.1