Vila Maria Pashalidou - Неа Рода - Атос - Грција - Лето 2018

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено... Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата  Voulitsa. Атрактивната песочна плажа  ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

Вилата „Maria Pashalidou“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со еден двокреветен и три трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Maria Pashalidou” – Нea Рода
Термин: Ноќевања: 1/2  апартман

 

(море)

1/3 апартман

 

(море)

29.05-05.06.2018 7 130 € 180 €
05.06-15.06.2018 10 230 € 280 €
15.06-25.06.2018 10 290 € 340 €
25.06-05.07.2018 10 350 € 400 €
05.07-15.07.2018 10 400 € 450 €
15.07-25.07.2018 10 450 € 500 €
25.07-04.08.2018 10 450 € 500 €
04.08-14.08.2018 10 450 € 500 €
14.08-24.08.2018 10 450 € 500 €
24.08-03.09.2018 10 400 € 450 €
03.09-13.09.2018 10 300 € 350 €
13.09-20.09.2018 7 150 € 200 €
20.09-27.09.2018 7 130 € 180 €
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Битола  – Кавадарци – Неа Рода
  • Тргнување од Битола во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции.
  • Цена на повратен билет –35 евра ; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра