Aparthotel Alexander Inn - Ставрос - Грција - Лето 2018

 Ставрос е идеално место за семејно летување, за оние кои сакаат да поминат релаксирачки одмор, како и за млади. Има особено блага клима, песочни плажи кои во еден дел од градот се со нагласено плитко море и развиена трговска мрежа која за време на летниот период е во постојана функција на туристите. Градот е оддалечен од Солун само 80 километри, а во непосредна близина се наоѓаат туристичките места Неа Врасна и Аспровалта со кои е поврзан со автобус кој сообраќа преку целиот ден. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири... Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за децата, убаво уреден парк, мало пристаниште, банка... Во близина на Ставрос се наоѓа познатото место Олимпијада каде Ви препорачуваме да ја посетите фантастичната Платинеста плажа.  

Апартхотелот „Alexander Inn“ е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, купатила, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и

периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг. 

Апартхотел „Alexander Inn” – Ставрос

Термин: Ноќевања: 1/3 студио (улица) 1/3 студио (базен)
29.05-05.06.2018 7 170 € 190 €
05.06-15.06.2018 10 290 € 310 €
15.06-25.06.2018 10 350 € 370 €
25.06-05.07.2018 10 400 € 420 €
05.07-15.07.2018 10 500 € 520 €
15.07-25.07.2018 10 600 € 620 €
25.07-04.08.2018 10 600 € 620 €
04.08-14.08.2018 10 600 € 620 €
14.08-24.08.2018 10 600 € 620 €
24.08-03.09.2018 10 550 € 570 €
03.09-13.09.2018 10 450 € 470 €
13.09-20.09.2018 7 280 € 300 €
20.09-27.09.2018 7 250 € 270 €
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Битола-Кавадарци-Ставрос
  • Тргнување од Битола во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра