Вила “Evi I” - Неа Каликратија - Касандра - Грција - Лето 2018

 

Ново во нашата понуда-Неа Каликратија, првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)....Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и  уредена песочната плажа во должина од 800 метри. На само 4 километри од градот се наоѓа познатата плажа „Sahara“, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.
Вилата „Evi I“ е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето, меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Вилата е мала, од типот на семејните куќи и располага со само два апартмани- четирикреветен и шесткреветен кои имаат поглед во вилата „Evi II“ која се наоѓа на самата улица. Апартманите се наоѓаат на приземје и на прв спрат. Сместувачките капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманите има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Evi I” - Неа Каликратија

Термин:

Ноќевања:

1/2+2 апартман

1/4+2 апартман

22.05-01.06.2018

10

120 €

180 €

01.06-11.06.2018

10

190 €

250 €

11.06-21.06.2018

10

250 €

320 €

21.06-01.07.2018

10

320 €

400 €

01.07-11.07.2018

10

390 €

490 €

11.07-21.07.2018

10

480 €

580 €

21.07-31.07.2018

10

480 €

580 €

31.07-10.08.2018

10

480 €

580 €

10.08-20.08.2018

10

480 €

580 €

20.08-30.08.2018

10

390 €

490 €

30.08-09.09.2018

10

320 €

400 €

09.09-16.09.2018

7

210 €

250 €

16.09-23.09.2018

7

180 €

220 €

23.09-30.09.2018

7

130 €

170 €  

 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 
  • Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Каликратија
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции 
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра