Вила Bouzalis - Неа Флогита - Касандра - Грција - Лето 2018

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници, таверни, ресторани, а токму тука е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.
Вилата „Bouzalis“ е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето. Вилата располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

Вила „Bouzalis” - Неа Флогита

 

Термин:

 

Ноќевања:

1/3 апартман

 

1/4 апартман
(без поглед)

1/4 апартман улица

 

1/5 апартман
(море)

 

1/6 дуплекс улица

 

1/8 дуплекс
(море)

22.05-01.06.2018

10

100 €

120 €

130 €

190 €

240 €

290 €

01.06-11.06.2018

10

170 €

190 €

210 €

310 €

350 €

400 €

11.06-21.06.2018

10

220 €

240 €

260 €

360 €

400 €

450 €

21.06-01.07.2018

10

320 €

340 €

360 €

460 €

500 €

550 €

01.07-11.07.2018

10

400 €

420 €

440 €

540 €

590 €

660 €

11.07-21.07.2018

10

470 €

490 €

520 €

620 €

670 €

740 €

21.07-31.07.2018

10

470 €

490 €

520 €

620 €

670 €

740 €

31.07-10.08.2018

10

470 €

490 €

520 €

620 €

670 €

740 €

10.08-20.08.2018

10

470 €

490 €

520 €

620 €

670 €

740 €

20.08-30.08.2018

10

400 €

420 €

440 €

540 €

590 €

660 €

30.08-09.09.2018

10

280 €

300 €

320 €

420 €

460 €

510 €

09.09-16.09.2018

7

170 €

180 €

190 €

240 €

270 €

 300 €

16.09-23.09.2018

7

140 €

150 €

160 €

210 €

240 €

270 €

Напомена: Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот  простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица о д веќе предвидените кревети за спиење.

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неа Флогита
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции 
  • Цена на повратен билет – 35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра