Вила “Vrahos” - Каламитси - Ситонија - Грција - Лето 2018

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија.
Вилата „Vrahos“ се наоѓа на само 20 метри од една од најубавите плажи на Ситонија-Каламитси. Лоцирана е на прва линија до морето и од терасите на апартманите се простира неверојатно убава глетка кон целиот залив.  Во оваа вила располагаме со четирикреветни апартмани на прв и втор спрат со тераси  кои  имаат директен поглед на море. Сите сместувачки капацитети  имаат нов  квалитетен мебел и солидно опремени кујни (електричен шпорет со рерна и фрижидер со одделна комора за замрзнување), телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор на платформа опремен со маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети имаат  постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. До вилата има простор за паркинг.

Вила „Vrahos” - Каламитси

Термин:

Ноќевања:

1/4 апартман
 I спрат

1/4 апартман
II спрат

20.05-30.05.2018

10

180 €

190 €

30.05-09.06.2018

10

280 €

290 €

09.06-19.06.2018

10

380 €

390 €

19.06-29.06.2018

10

480 €

490 €

29.06-09.07.2018

10

600 €

610 €

09.07-19.07.2018

10

750 €

760 €

19.07-29.07.2018

10

750 €

760 €

29.07-08.08.2018

10

750 €

760 €

08.08-18.08.2018

10

750 €

760 €

18.08-28.08.2018

10

680 €

690 €

28.08-07.09.2018

10

500 €

510 €

07.09-14.09.2018

7

280 €

290 €

14.09-21.09.2018

7

240 €

250 €

21.09-28.09.2018

7

200 €

210 €

 

Напомена: Во апартманите дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 6 години. 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции 
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра