Vila Angeliki - Сарти - Ситонија - Грција - Лето 2018

Сарти е една од најпосакуваните дестинации на вториот крак Ситонија. Сместено во срцето на Халкидики, на јужниот дел на полуостровот свртено кон третиот крак Атос, Сарти е градот кое е во целост подреден на туристите. Изобилство продавници, слаткарници, пекари, кафетерии, ресторани, дискотеки ... Долга песочна плажа со уредено шеталиште исполнето со медитеранско зеленило и мноштво барови и таверни со морска храна...Прекрасни зајдисонца со неверојатни бои кои оставаат впечаток дека сте навистина во близина на боговите.

Во близина на Сарти се наоѓаат и неколку познати плажи кои се вбројуваат меѓу најубавите на Ситонија. На околу 6 километри се наоѓа плажата Orange. Има многу ситен песок, и плитка вода и преубава боја на морето. На само половина километар подалеку се наоѓа дивата плажа Mega Portokali која има необично тиркизна боја на водата, а после неа е плажата Paradise.

Вилата „Angeliki“ се наоѓа стариот дел од градот, во непосредна близина на познатиот хотел Ostraco, на само 150 метри од плажата. Вилата има два шесткреветни дуплекс апартмани на високо приземје. Апартманите се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизори, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Напомена: Во апартманите дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет со возрасно лице невозможно е да се сместат деца без разлика на нивната возраст. Во апартманите постои можност да се стави помошен кревет чие користење се доплаќа на лице место кај сопствениците на вилата.  

Вила „Angeliki” – Сарти
Термин: Ноќевања: 1/6 дуплекс бр.1        1/6 дуплекс бр.2
20.05-30.05.2018 10 240 € 290 €
30.05-09.06.2018 10 350 € 400 €
09.06-19.06.2018 10 430 € 480 €
19.06-29.06.2018 10 510 € 560 €
29.06-09.07.2018 10 610 € 660 €
09.07-19.07.2018 10 730 € 780 €
19.07-29.07.2018 10 730 € 780 €
29.07-08.08.2018 10 730 € 780 €
08.08-18.08.2018 10 730 € 780 €
18.08-28.08.2018 10 610 € 660 €
28.08-07.09.2018 10 510 € 560 €
07.09-14.09.2018 7 320 € 360 €
14.09-21.09.2018 7 280 € 320 €
21.09-28.09.2018 7 240 € 280 €

 

-Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз

-Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

-Организиран превоз Скопје-Кавадарци- Сарти

-Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

-Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра