Вила "Sole a Mare" - Неа Мармарас - Ситонија - Грција - Лето 2018

Вилата „Sole A Mare“ се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри.  Располагаме со двокреветни студија и четирикреветни апартмани  на прв и втор спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување). Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за сосема нов, совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончево колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Sole A Mare” - Неос Мармарас

 

Термин:

 

Ноќевања:

1/2 студио море

1/2+1 студио море

1/2+1 студио улица

1/4+1 апартман улица

1/4+1 апартман море

20.05-30.05.2018

10

120 €

150 €

130 €

250 €

290 €

30.05-09.06.2018

10

200 €

250 €

230 €

350 €

390 €

09.06-19.06.2018

10

250 €

300 €

280 €

400 €

440 €

19.06-29.06.2018

10

300 €

350 €

330 €

450 €

550 €

29.06-09.07.2018

10

400 €

450 €

430 €

550 €

600 €

09.07-19.07.2018

10

500 €

550 €

530 €

650 €

700 €

19.07-29.07.2018

10

500 €

550 €

530 €

650 €

700 €

29.07-08.08.2018

10

500 €

550 €

530 €

650 €

700 €

08.08-18.08.2018

10

500 €

550 €

530 €

650 €

700 €

18.08-28.08.2018

10

450 €

500 €

480 €

600 €

640 €

28.08-07.09.2018

10

350 €

400 €

380 €

480 €

520 €

07.09-14.09.2018

7

170 €

190 €

180 €

250 €

290 €

14.09-21.09.2018

7

150 €

170 €

160 €

220 €

260 €

21.09-28.09.2018

7

120 €

140 €

130 €

190 €

230 €

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра