Вила Blue Sea - Торони - Ситонија - Грција - Лето 2018

Традиционално веќе неколку години  во нашата летна понуда ја имаме вилата „Blue Sea” која е составен дел на хотелскиот  комплекс „Blue Sea Hotel” во Торони. Во состав на хотелот има ресторан, таверна и мини маркет. Вилата  се наоѓа на самата песочна плажа, а фактот што гостите можат да го користат базенот, џакузито и детскиот базен ја вбројува меѓу една од најбараните. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат  кои имаат тераси со поглед во дворот на вилата и на базенот, како и бочно поглед кон морето. Сите студија имаат мини чајна кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а се наоѓаат на прв и на втор спрат. Студијата се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг простор.

Вила „Blue Sea” - Торони

Термин:

Ноќевања:

1/3 студио

1/3+1 студио

20.05-30.05.2018

10

170 €

190 €

30.05-09.06.2018

10

270 €

290 €

09.06-19.06.2018

10

340 €

360 €

19.06-29.06.2018

10

410 €

430 €

29.06-09.07.2018

10

500 €

520 €

09.07-19.07.2018

10

630 €

650 €

19.07-29.07.2018

10

630 €

650 €

29.07-08.08.2018

10

630 €

650 €

08.08-18.08.2018

10

630 €

650 €

18.08-28.08.2018

10

570 €

590 €

28.08-07.09.2018

10

420 €

440 €

07.09-14.09.2018

7

210 €

230 €

14.09-21.09.2018

7

170 €

190 €

21.09-28.09.2018

7

130 €

150 €

Напомена: Минатата летна сезона сите сместувачки капацитети кои се во сопствен закуп беа реновирани (десниот дел од вилата на прв и втор спрат). Во студијата беа набавени нови кревети за спиење и гардеробери  и целосно беше заменета  надворешната дрвена столарија на вратите и прозорците со нова, ПВЦ столарија. Во ниту едно студио не се реновирани кујните и купатилата. Кујните се опремени само со едно решо, мини фрижидер и основни садови за јадење. Наша препорака е доколку и ова лето Вашиот избор биде вилата „Blue Sea” во Торони да го имате предвид фактот дека кујните во оваа вила не се опремени со садови за подготвување на храна.

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз 
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети   
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Торони
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции 
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра