Агиос Јоанис - Волос - Грција - Лето 2018

 

Оваа област просто има се… Раскошно зеленило кое се претопува во морските длабочини низ недогледните маслинови дрва, овоштарници, борови шуми, се од почеток па до највисоката точка на планината Пилион, на надморска височина од 1471 метар. Надворешната страна на полуостровот е споена со источниот дел од планината Пилион која навистина изгледа преубаво, романтично и фасцинантно. Целиот овој масив од природа изобилува и со 24 села расфрлани по целата облас, и така поминувајки низ сите овие убавини се пристигнува до нашата десинација АГИОС ЈОАНИС со преубава песочна плажа, тиркизно сино море, преплавено со хотели, вили, апартмани, локални таверни, кафетерии, маркети, пекари…

Стасавте на место каде грижите и проблемите ги зaборавате, ги оставате таму од каде што сте го отпочнале Вашето патување за оваа прекрасна дестинација. По самото пристигнување во АГИОС ЈОАНИС се чувствувате како да сте дошле во рајот. Не прашувајте понатаму, дозволете да почувствувате каква убавина сте одбрале за ваша дестинација за вашиот долго очекуван годишен одмор. Прекрасно место… песочна долга плажа, кристално чисто море и уште други прекрасни плажи кои ќе ве остават без здив на само 5 и 10 мин пешачење, ПАПАНЕРО И ПЛАКА БИЧ.

ХОТЕЛ ЗЕФИРОСwww.hotelzefiros.gr се наоѓа во преубавиот дел на летовалиштето  Агиос Јоанис на само 2 минути пеш од преубавата песочна плажа Папа Неро и тиркизното сино море. Хотелот се состои од две згради, и има вкупно 43 соби како и рецепција, сеф, wifi интернет (лоби), ресторан за појадок, кафетерија. Содржина на собите: купатило, wifi, балкон, фен, клима уред, телефон, во студијата плус има кујна. Со уредена инфрaструктура која изобилува со локални традиционални таверни, кафетерии, барови, маркети, пекари со еден збор кажано се што ни е потребно за целиот престој на ова прекрасно место кое изобилува со преубава природа и тиркизно сино море. Хотел Зефирос располага со двокреветни(1/2) и трокреветни соби (1/2+1) со појадок, во секоја од овие соби има сопствено купатило, сопствен балкон(поглед море/страничен поглед/поглед кон планина), фрижидер, ТВ, клима уред кој е вклучен во цената, wi-fi, кои се наоѓаат на прв и втор кат. Исто  така располага и со трокреветни студија(1/2+1) кои се опремени со мини кујна, сопствено купатило, сопствен балкон(поглед кон планина), фрижидер, ТВ, климауред кој е вклучен во цената, wi-fi.  Воедно Хотел Зефирос располага и со четворокреветни апартмани (2+2) поврзани меѓу себе со врата, секоја соба има стандарден  брачен кревет , располага со две сопствени купатила, два балкони, два клима уреди вклучени во цената, ТВ, wifi, од кои во едната соба е сместена и мини кујна,  се наоѓаат на вториот кат. Хотелот има сопствена таверна, со преубава градина, сопствен бар, сопствена кујна каде ќе можете во секое време да нарачате пијалок и храна по Ваш избор, се разбира по многу пристапни цени. Појадокот во хотелот е на шведска маса. По ваш избор можете да добиете и ручек или вечера во најблиските натурални таверни кои се лоцирана на самата обала на Агиос Јоанис каде се нудат најразлични традиционални видови на храна(јагне на жар, кукуреци на жар, свинско на жар, пиле на жар, и да не ја заборавиме морската храна и прекрасните салати  со посебен вкус припремена на традиционален начин) на само 10 м од ХОТЕЛ ЗЕФИРОС .

   

ХОТЕЛ ЗЕФИРОС www.hotelzefiros.gr

НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН НА 7 НОЌЕВАЊА 

НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН НА 7 и 6 НОЌЕВАЊА

ТЕРМИНИ 17.06

24.06
24.06 –
01.07
01.07

08.07.
08.07

15.07
15.07.

22.07.
22.07.

29.07
29.07

05.08.
05.08.

12.08.
12.08

19.08.
19.08.

26.08.
26.08.

02.09.
02.09.

09.09.
09.09

15.09
НАЕМ НА СТУДИО/ АПАРТМАН 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 6 НОЌИ
1/2+1 СТУДИО 264€ 369€ 393€ 449€ 449€ 449€ 449€ 449€ 449€ 399€ 379€ 329€ 249€
1/4 (2+2)
АПАРТМАН
399€ 459€ 499€ 569€ 569€ 569€ 569€ 569€ 569€ 529€ 499€ 459€ 359€

***Се однесува за  наведената табела (наем на студио/апп 7 и 6 ноќевања).

***Во студио 1/2+1 може да се сместат не повеќе од три возрасни лица и едно дете до 5,99 год (кое нема да користи легло).

***Во апп 1/4 (2+2 – две издвоени соби, две купатила, два клима уреди, мини кујна во една од собите) може да се сместат не повеќе од  четири лица и едно дете до 5,99 год, а не користи легло.

***Доплата за туристичка такса 0,5 € студио/соба на ден – 1 € апартман на ден (се плаќа во објектот)

 

ХОТЕЛ ЗЕФИРОС www.hotelzefiros.gr 

 7 и 6 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПОЈАДОК(ноќевање+појадок)

СОБА 1/2 И 1/3 НА 7 и 6 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК ПО ЛИЦЕ

ТЕРМИНИ 17.06

24.06
24.06 –
01.07
01.07

08.07.
08.07

15.07
15.07.

22.07.
22.07.

29.07
29.07

05.08.
05.08.

12.08.
12.08

19.08.
19.08.

26.08.
26.08.

02.09.
02.09.

09.09.
09.09

15.09
7 и 6 ноќи со појадок по лице 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 7 НОЌИ 6 НОЌИ
1/2 соба 155€ 175€ 199€ 229€ 229€ 229€ 229€ 229€ 229€ 209€ 189€ 169€ 99€
1/3 соба 135€ 155€ 169€ 199€ 199€ 199€ 199€ 199€ 199€ 179€ 159€ 135€ 99€

**Наведените цени во горе наведената табела се по лице со вклучен појадок на 7/6 ноќевања.

**Појадокот е на база шведска маса.

**Во соба 1/2 се сместуваат две лица и едно дете од 0 год. до 5,99 год БЕСПЛАТНО (не користи кревет, има појадок), и може да се смести во соба како трета особа над дозволениот број од 2 лица.

**Во соба 1/3 (1/2+1) се сместуваат три лица плус едно дете над дозволениот број од три лица, како четврта особа од 0 до 5,99 год – БЕСПЛАТНО(не користи кревет и има појадок)

– Како трета особа во соба од 5,99 до 13,99 плаќа -10% од цената дадена во табела

***Доплата за туристичка такса 0,5 € студио/соба на ден – 1 € апартман на ден (се плаќа во објектот)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

**Прва табела, наем на студио/апартман 7 и 6 ноќевања

*Бесплатен интернет

*Бесплатно користење на клима уред

**Втора табела, 7 и 6 ноќевања со појадок по лице

*Бесплатен интернет

*Бесплатно користење на клима уред.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

**Превоз со автобус Скопје-Волос-Скопје                     55 еур

**Превоз со минибус Скопје-Волос-Агиос Јоанис        65 еур

**Трансфер Волос-Агиос Јоанис-Волос                          20 еур

**Превоз за деца од 2 до 12 год                                        45 еур

**Превоз за деца од 2 до 12 год со минибус                   55 еур

**Трансфер за деца од 2 до 12 год Волос-Агиос Јоанис 15 еур

Доплата за туристичка такса 0,5 € студио/соба на ден – 1 € апартман на ден (се плаќа во објектот)

Цените се дадени во евра , уплатата се врши исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро/62 ден.

Важат општите услови за патување на СКТМ и TA Кондор Бр.1

 

НАПОМЕНА ВО ОДНОС НА ДВЕТЕ ТАБЕЛИ

**По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.

**Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот/собата ја надоместува штетата на сопственикот на Хотелот на лице место.

** За уплатени два последователни аранжмани одобруваме попуст од 10% на вториот аранжман.

** Попустите за рано букирање и за уплата за  две напоредни смени неможе да се комбинираат.

**Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжман немаат право на надомест на средства во разлика на цена.

**Во цената на аранжманот вклучено е користење на клима уред. Сопственикот на Хотелот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот уклучен додека сте на плажа или надвор од студиото/апартманот/собата.

** Сместување во капацитетите е после 14 часот по локално време, а напуштање на истите е во 10 часот по локално време.

** Цените се изразени во ЕУР и се плаќаат  во денарска против вредност 1еур=62 денари.

** Задолжително е да поседувате здравствено и патничко осигурување

Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата од 30% од целосната сума на аранжманот.

Целосна доплата на аранжманот за оваа дестинација се врши 10 дена пред тргнување. Термините  дадени во табелите се денови на поаѓање и пристигнување од/во Скопје.   Доколку патувате со организиран превоз местото и час на поаѓање е по договор со патниците, 5 дена пред патувањето. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање од Скопје да се информирате за потврда на својата резервација, како и за времето и местото на поаѓање.